Утрински Весник
Спорт

Олимпискиот оган запален во античка Олимпија, ќе биде во Грција до 26 април

Olimpijda.jpg

Во античка Олимпија денеска беше запален олимпискиот оган за Олимписките игри што ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август.

Пламенот беше запален од сончевите зраци во античка Олимпија, на Пелопонез, со пригодна церемонија.

Прв носител на факелот е грчкиот веслач Стефанос Дускос, освојувач на златниот медал во Токио во 2021 година.

Олимпискиот оган ќе патува низ Грција до 26 април, а на тој ден во Атина ќе се одржи церемонија на предавање на факелот на Франција, домаќинот на Олимписките игри.

Пламенот ќе патува во Франција со брод од 27 април, а од 9 мај до 25 јули ќе патува низ бројни градови на земјата домаќин на Олимписките игри.

Свеченото отворање на најголемиот спортски настан на планетата ќе се одржи на стадионот Сент Дени во Париз на 26 јули.

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk