Утрински Весник
Балкан

Локалната власт на Белград ќе донира по 20.000 динари за секој ученик

20240416133317 Big 730x400 80.webp.webp
Img 5587

Вршителот на должност градоначалник на Белград, Александар Шапиќ најави дека родителите на учениците во основно и средно училиште ќе добијат по 20.000 динари (околу 170 евра), средства наменети за купување на учебници.

Градот Белград минатата година набави комплети учебници за сите ученици во основно и средно училиште.

300x250 (7)

– Одлучивме оваа година наместо учебници за основците и средношколци, што првпат го воведовме минатата година, да одиме чекор понатаму и да обезбедиме по 20.000 динари по дете, посочи Шапиќ.

Тој посочи дека сумата за помош на родителите е 15 проценти поголема од максималната вредност на комплет учебници.

Ss1

Можете да прочитате

Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија

Во Германија убиен српски рапер, уапсен косовски Албанец, причината наводни коцкарски долгови

Питони, смарагдна боа и руска желка откриени во автобус на граничниот премин Хоргош