Утрински Весник
Спорт

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

O 1922514 1024.jpg

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Барселона во четвртиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата.

Тимот од Пиреја славеше со убедливи 92:58 и така се изборија за мајсторка.

Барселона ја имаше контролата во првата четвртина, во еден момент имаше и седум поени разлика, но Олимпијакос до крајот на полувремето успеа да го намали резултатот на само минус два. На стартот од втората четвртина Олимпијакос ги презеде работите во свои раце, по тројката на Ларенцакис беше 28:23, гостите добија и неспортска грешка, а по серијата на домашните од 7:0 на почетокот од вториот дел имаше минута одмор. И Милутинов погоди и доминираше под обрачот, а грчкиот тим потоа тргна во серија од 17:0. Таа серија ја прекина Џабари Паркер, но Петрушев блескаше и по неговото забивање беше 43:27, а многу брзо и плус 19 за црвено-белите.

Во третата четвртина Барса имаше блесоци, но само за кратко, а се чини дека Папаниколау стави точка на овој меч со три последователни тројки на крајот од третата четвртина. Олимпијакос имаше огромни +25 во последната четвртина. На крајот имавте рутински и убедливи 92:58.

Можете да прочитате

Чави демантира проблеми со раководството на Барса и најавува дека останува тренер и идната сезона

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата