Утрински Весник
Магазин

Џоли пазарува со ќерката, Пит ги демантира сите наводи за насилство

Џоли пазарува со ќерката, Пит ги демантира сите наводи за насилство
300x250 (7)

Анџелина Џоли излезе со ќерката Вивиен во Лос Анџелес  среде судска битка со поранешниот сопруг Бред Пит.

dobivaj vesti na viber

47-годишната актерка беше фотографирана во маркетот „Ласенс“ во средата, еден ден откако Пит ги нарече наводите за злоупотреба целосно невистинити.

300x250 (7)

Таа на себе има долг бел фустан со проѕирна сива марама преку рамениците.

Некогаш славниот холивудски пар е во жестока правна битка, во услови кога Џоли тврди дека пред шест години Пит физички ја нападнал неа и две нивни деца во текот на расправија во приватен авион. Таа исто така тврди дека Пит ја полил со пиво за време на истата расправија.

Меѓутоа, претставник на Пит изјави за „Холивуд репортер“ во вторникот дека Џоли продолжува да ја повторува, ревидира и одново ја смислува својата верзија на настанот што се случил во 2016 година, и при тоа додава целосно невистинити информации секој пат кога не успева да го добие она што го сака.

„Нејзината приказна постојано се развива,“ додаде тој.

Во вторникот, „ТМЗ“ објави дека Анџелина започнала клеветничка кампања против Бред, и дека сето ова зело голем данок на децата, кои ги труе против нивниот татко.

Ss1

Можете да прочитате

Вселенско пристаниште во Шкотска блиску до лансирање на сателит, совладани две од три пречки

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата