Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ во јануари се враќа во Австралија, една година откако беше депортиран?

Ѓоковиќ во јануари се враќа во Австралија, една година откако беше депортиран?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе добие дозвола да настапи на Австралија опен во 2023 година, тврдат австралиските медиуми, објаснувајќи дека федералната влада го сменила својот став околу српскиот тенисер, кој во јануари оваа година беше депортиран откако се обиде да влезе во земјата без да прими вакцина за КОВИД-19.

dobivaj vesti na viber

21-кратниот гренд слем шампион се обидуваше да влезе во Австралија за да оди на своја 10-та титула од Мелбурн Парк, но беше сопрен на аеродромот во Мелбурн, по што 10 дена помина во центар за имигранти, пред да биде исфрлен од земјата поради ставот за вакцинирање. Токму тоа што не е вакциниран го спречи Србинот да настапи и на САД опен во Њујорк.

Забраната за влез на невакцинирани во Австралија веќе беше укината во текот на летото, но се стравуваше дека поради целата одисеја, Ѓоковиќ ќе добие тригодишна забрана за влез во земјата. Сепак, според весникот „Хералд сан“, австралиската влада не се решила на ваков чекор, што значи дека тој ќе може да игра повторно во Мелбурн.

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери

Почина Милорад Косановиќ – 24info.mk

Флик задоволен по победата над Еспањол