Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ по титулата во Париз: Земете ги работите во своите раце и остварете ги вашите соништа!

Ѓоковиќ по титулата во Париз: Земете ги работите во своите раце и остварете ги вашите соништа!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 23. Грен слем титула на Ролан Гарос победувајќи го во финалето Каспер Руд со 3:0 во сетови.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ по победата се заблагодари на публиката за одличната атмосфера, но и на својот тим за поддршката.

„Уште еднаш прекрасна атмосфера. Ова беше неверојатен момент во мојата кариера. Еден од најголемите моменти поради 23-та титула. Овој турнир ми беше најтежок, затоа и сум толку емотивен. Многу работи се случија на теренот и надвор од него. Ви благодарам за поддршката, ви благодарам што дојдовте. Сакам да искажам и голема благодарност до мојот тим и семејството. Знам што ви направив на сите, знам колку ве мачев, ви благодарам што ме почитувате и цените“, изјави Новак.

Потоа погледна назад кон денешниот противник Каспер Руд за кого немаше ништо друго освен пофални зборови.

„Во денешниот свет, многу значи да се знае кога некој има вистински човечки вредности. Имаш прекрасен тим, семејство, сите заслужувате голем аплауз за тоа. Имаш неколку одлични години, ти си еден од најконстантните во светот, три финалиња од последните пет слемови. Тоа зборува за тебе, сакам да победиш против сите освен мене“, изјави Ѓоковиќ, пренесе „Данас“.

Конечно, српскиот тенисер имаше порака и до сите луѓе да си ги следат соништата.

„Моите деца се тука, секогаш се трудам да кажам нешто ново. Сакам да испратам порака до секој млад човек, имав седум години кога сонував за Вимблдон. Јас сум повеќе од среќен што го реализирам. Чувствувам дека имам моќ да ја креирам сопствената судбина. Бидете тоа што сте, заборавете што се случило во минатото. Земете ги работите во свои раце и остварете ги вашите соништа“, заклучи шампионот на Ролан Гарос.

Можете да прочитате

Вардар се засили и со Димитар Тодоровски

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во ЛШ

Томпсон се искачи на петтото место во историјата на НБА во постигнати тројки