Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ падна на четвртото место на АТП листата, Синер останува на врвот

Okovi .webp.webp

Јаник Синер ја започна 14-та недела на врвот на АТП листата, додека Новак Ѓоковиќ доживеа очекуван пад.

Младиот италијански тенисер по триумфот во Њујорк ја зголеми предноста на светската листа и е со огромни изгледи сезоната да ја заврши како најдобар светски тенисер. Сега има 11.180 бодови, дури 4.105 повеќе од новиот второпласиран, Германецот Александер Зверев.

Тенисерот од Хамбург со 7.075 бода стигна до најдобрата позиција во кариерата, минувајќи ги Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Ѓоковиќ од втората падна на четвртата позиција затоа што не успеа да го одбрани трофејот освоен минатата година.

Данил Медведев и Андре Рубљов ги задржаа петтото и шестото место, а напредок од дури пет места бележи финалисот во Њујорк, Американецот Тејлор Фриц.

Можете да прочитате

Џејмс Варди заминува во Саудиска Арабија?

Неверојатни цени на билети за последниот меч на Надал

Црна Гора за селектор го добива Динар