Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата

Gokovik 411463.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Србинот Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на турнирот во сингл на Олимпијадата 2024 година со 6:3 и 7:6 (7:3).

Мечот траеше два часа.

Ѓоковиќ се врати од 2:5 во вториот сет, спаси и три сет топки при резултат 4:5 во корист на Циципас. Србинот реализираше 3 од 6 брејк топки во текот на играта Гркот имаше 2 од 6.

Вториот светски рекет во полуфиналето на Олимписките игри ќе игра со Лоренцо Мусети од Италија.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Карлос Алкараз (Шпанија) и Феликс Оже-Алисијам.

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата