Утрински Весник
Свет

Околу 1.000 мигранти исчезнале во морето по циклонот Хари

Ciklon.webp.webp

Приближно 1.000 луѓе можеби загинале или исчезнале во морето по бурите предизвикани од циклонот Хари во јужна Италија, соопшти невладината организација „Медитеранеа сејвинг хјуманс“.

Проценката се базира на информации од бегалци во Либија и Тунис за бродови што исчезнале за време на лошите временски услови. Претседателката на организацијата, Лаура Марморале, ја опиша трагедијата како „една од најголемите во последните години на централната медитеранска рута“ и ги критикуваше владите на Италија и Малта за недоволна реакција.

Можете да прочитате

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

Уапсени четири лица за смртоносниот напад врз џамијата во Исламабад, денеска погребани жртвите на нападот

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион