Утрински Весник
Спорт

Јокиќ растури во Вашингтон

Img 8128
Dik 300x250 mk

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, во Вашингтон го одигра најдбриот меч од почетокот на сезоната. Со 42 поени, го предводеше Денвер до 30. победа од почетокот на сезоната.

Актуелните шампиони во НБА лигата, славеа во престолнината на САД со 113:104. Јокиќ натпреварот го заврши со 42 поени, 12 скока, осум асистенции и три блокади. МВП на финалната серија 18.пат во кариерата одигра натпревар со 40+ поени.

Големата тројка на Феникс Санс блескаше во победата над Индијана Пејсерс 117:100.

Кевин Дурент го предводеше тимот со 40 поени и девет скока, Девин Букер постигна 26, а Бредли Бил 25 поени.

Резултати:

Орландо – Мајами 105:87
Вашингтон – Денвер 104:113
Хјустон – Бостон 107:116
Феникс – Индијана 117:110
ЛА Лејкерс – Портланд 134:110
ЛА Клиперс – Бруклин 125:114

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата