Утрински Весник
Македонија

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за телекомуникации

Ohrid.webp.webp

„Премостување на јазот – влез во новата ера“ е насловена годинашната Меѓународна регулаторна конференција што ќе се одржи денеска и утре во Охрид во организација на Агенцијата за електронски комуникации на Република Северна Македонија.

Според агендата, на конференцијата ќе се одржат три панели посветени на управување со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, регулаторните прашања и пристапт до широкопојасен интернет, а кои се во контекст на најновите инспиративни области во електронските комуникации.

На конференцијата поканети се претставници од Меѓународната унија за телекомуникации, регулаторните тела и од Европската Унија, како и претставници од академската фела, оператори и останати компании и чинители на глобалниот комуникациски пазар.

Можете да прочитате

Гордоста се гради со дела – Јакимовски потсети на времињата на Панчев, Трстена и Стефановски

Вечерва Љупчо Николовски повикан на службен разговор во СВР Скопје

Меџити: Вреди сега е единствена партија на Албанците што ја има од Липково до Струга, Фетаи и Лимани се самоелиминираа