Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец пијан и со одземена возачка предизвикал сообраќајка

Soobrakajka.jpg

На 18.01.2026 во 03:55 часот, на булеварот „Железничка” во Охрид, лишен од слобода е Ј.С.(33) од охридското село Лескоец кој, управувајќи го своето патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и предизвикал сообраќајна незгода.

По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него констатирале 1,79 промили алкохол во крвта како и дека возилото го управувал иако имал активна прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од „Б” категорија.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило”.

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација