Утрински Весник
Свет

Огромна санта мраз се откина на Антарктикот, создадена пукнатина од 14 километри

F91b1510 96f6 4ed2 Bb35 32e6f76db9ca.jpg

Голема санта мраз се откина од ледената покривка на Антарктикот, објави истражувачката организација British Antarctic Survey (BAS). Ледениот брег од 380 квадратни километри се откина во понеделникот, неколку недели откако се отвори пукнатина од 14 километри во мразот.

Ваквото одвојување на огромно парче мраз од глечер или од ледена маса е трето во регионот во последните четири години.

Научниците на BAS забележале нестабилност во таа област пред повеќе од десет години, поради што британската истражувачка станица Хали била преместена 20 километри во внатрешноста на 2016 година. Истражувачот на БАС, Оливер Марш, рече дека „ваквото распаѓање на мразот се очекуваше уште пред осум години, што ја намали вкупната површина на ледената покривка во најмала мера од почетокот на мониторингот“.

Во соопштението за печатот, истражувачите на БАС истакнаа дека настанот не е поврзан со климатските промени. Научниците престојуваат во базата Хали од ноември до март, односно за време на летото на Антарктикот. Во текот на остатокот од годината, областа се следи со помош на сателитски снимки.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници