Утрински Весник
Свет

Италијанската полиција разби турска банда која планирала терористички акции, уапсени 19 лица

Capture 11.jpg

Италијанската полиција разби турска криминална организација која планирала терористички акции и уапсила 19 лица во Италија, Швајцарија, Германија и Турција, соопштија денеска истражителите од Милано.

 „Во акција во која учествуваа стотици полицајци, неутрализирана е вооружена криминална банда која планирала терористички напади“, се наведува во соопштението, а пренесува агенцијата АНСА.

Меѓу осомничените, наводно, е и водачот на бандата, Барис Бојун, 39-годишен турски државјанин со курдско потекло и еден од најбараните мажи во Турција. Осомничените се соочуваат со обвиненија кои вклучуваат убиство, терористички напади и приклучување кон вооружена група за извршување терористички напади.

Бојун беше приведен во неговиот стан во градот Витербо, северно од Рим, каде што му беше одреден домашен притвор по неговото апсење во Римини во 2022 година по меѓународна потерница издадена од турските власти под обвинение за убиство, криминален заговор и прекршоци за оружје.

Бојун ги отфрли обвиненијата и покрена успешна судска постапка во Италија против екстрадиција во Турција, велејќи дека е цел на прогон поради неговото курдско потекло. Сепак, истражителите наведуваат дека Бојун продолжил да води криминална мрежа активна во многу делови на Европа од неговиот стан.

Се верува дека тој стои зад планот за самоубиствен напад на турска фабрика за алуминиум кој беше спречен благодарение на разменетите информации меѓу италијанската и турската полиција.

Можете да прочитате

САД ветија голем пакет помош за енергетскиот сектор на Украина

Турист загина од струен удар во џакузи во Мексико

Страшно:28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД