Утрински Весник
Свет

Огромен бран на плажа во Јужна Африка, три лица загинаа

Огромен бран на плажа во Јужна Африка, три лица загинаа

Јужноафриканскиот град Дурбан, на источниот брег на Индискиот Океан, ја затвори својата плажа откако три лица загинаа кога голем бран ги преплави, соопштија тамошните власти, пренесе Танјуг.

dobivaj vesti na viber

Службите за итни случаи рекоа дека „одговориле на извештаите за чуден бран зафатил група луѓе на плажата покрај пристаништето предизвикувајќи повеќе повреди“, а 17 повредени лица се во болница.

Од локалната општина соопштија дека огромен бран погодил повеќе од 100 луѓе на плажата, која е една од најпопуларните во овој период од годината, кога таму започнува летото.

Можете да прочитате

Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината