Утрински Весник
Македонија

Ограбил 72-годишна жена, нападнал случаен минувач и му се заканувал на возач на автобус во Скопје

Img 8590.jpeg

Полицијата приведе 57-годишен скопјанец осомничен за разбојништво и насилничко однесување на автобуска постојка во скопската населба Центар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јули 2026 година околу 11:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б. (57) од Скопје, по претходна пријава дека само пет минути претходно, околу 11:45 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар одзел паричник од 72-годишна жена.


По разбојништвото, осомничениот физички нападнал 64-годишен маж, а потоа упатувал закани и кон возач на автобус.

Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, осомничениот бил пронајден и приведен кратко по настанот.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди