Утрински Весник
Скопје

Oграбени две филијали за брзи кредити во Скопје

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

Две финансиски друштва во Скопје биле мета на крадци во текот на ноќта, информираа од МВР. Кражбите се случиле во краток временски интервал, на две различни локации во главниот град.

Првиот случај бил пријавен во 05:20 часот во СВР Скопје, кога било констатирано дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво, сторителите насилно влегле и одзеле сеф со пари.

Неполни 40 минути претходно, во 04:44 часот, во СВР Скопје бил пријавен уште еден грабеж. Овојпат на подрачјето на Гази Баба, каде што исто така било насилно влезено во објект на финансиско друштво и одземени биле пари од сеф.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на двата случаи и за пронаоѓање на сторителите.

Можете да прочитате

Општина Карпош: Младите Марин и Ена Ивановски со значајни скијачки успеси

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова”, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата

Прекини во снабдувањето со струја и вода во делови од Скопје