Утрински Весник
Македонија

„Огнената група“: Не е вистина дека ќе се приклучиме кон Движењето Беса

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Незадоволните во ДУИ, кои во јавноста се познати како „Огнена група“, а кои од минатата сабота функционираат како фракција во ДУИ, ги демантираат шпекулациите дека ќе преминат во партијата Беса.

dobivaj vesti na viber

Веста дека ќе се приклучат кон Беса, ја нарекуваат невистина, додавајќи дека борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на Демократската унија за интеграција ќе се интензивира во наредниот период.

„ На Огнената група на која и даваат поддршка 1/3 од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ“, велат од „Огнената група“.

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство