Утрински Весник
Спорт

Официјално: Јуве казнети со 10 поени, остануваат без Лига на шампиони

Официјално: Јуве казнети со 10 поени, остануваат без Лига на шампиони

Федералниот апелационен суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) му подели казна од 10 поени на Јувентус за случајот со вештачкото зголемување на вредноста на нивните трансфери за да се покажат подобри финансиски резултати, праќајќи ја „старата дама“ од второто на седмото место во лигата и практично исфрлајќи ја од позиција која води во Европа.

dobivaj vesti na viber

На сослушувањето во Рим, обвинителот на ФИГЦ, Џузепе Кина бараше казна од 11 поени, но советот одлучи за казна од 10 поени, со која наместо 69 имаат 59 поени (пред вечерашниот меч со Емполи). Теоретски, Јувентус може да се жали уште еднаш, но бидејќи во последната жалба беше потврдено дека клубот го прекршил членот 4 од спортскиот код, за ферплеј, многу е тешко да се верува дека одговорот ќе биде позитивен.

Јувентус првпат беа на судот на ФИГЦ во мај 2022, заедно со уште десет клуба (Наполи, Џенов, Сампдорија, Емполи, Парма, Пиза, Про Верчели, Пескара, Новара и Киево) и тогаш беше донесена ослободителна одлука. Но, по полициската истрага околу финансиите на клубот, тие добија казна од 15 поени и суспензија за повеќе директори на клубот. Јувентус се жалеше и таа одлука беше повлечена во април, пред оваа последна одлука.

Можете да прочитате

Раул Гарсија ја завршува својата фудбалска кариера

Надал го потврди настапот во Барселона: Сакам да си дадам шанса

Влезниците за Македонија – Фарски Острови се продаваат по 200 и 300 денари