Утрински Весник
Култура

„ОФФест“ се откажа од организација на фестивалот поради скратените средства од Култура, Ласкова ги враќа за да има мир

„ОФФест“ се откажа од организација на фестивалот поради скратените средства од Култура, Ласкова ги враќа за да има мир

Фолк-пејачката Цветанка Ласкова побарала организаторот да не ги зема 300.000 денари од Министерството за култура со цел организација на концерт. Истовремено, организаторите на „ОФФест“ се откажаа од организација на овогодишното издание на фестивалот за кој добија нешто над 1 милион денари, со образложение дека парите се недоволни. Министерството за култура засега не излегло со став дали дополнително ќе се провери доделувањето на парите за културни проекти.

dobivaj vesti na viber

„Доделените милион денари за ОФФест, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на фестивалот. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор, велат од Установата за уметнички дејности „Скопски Џез Фестивал“.

Тие не се изненадени од министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, со оглед на нејзината изјава дека културните проекти во иднина ќе мора да водат повеќе сметка за својот „забавен карактер“.

„Ако во конкретниот случај на министерката не ѝ се познати долгогодишниот програмски растеж и континуираниот висок квалитет на фестивалите како ОФФест и Скопскиот џез фестивал, јасно признаени кај нас, а уште повеќе во светот, има за тоа на дофат опсежни материјали во самото Министерство, како дел од апликациите по годишните конкурси и програмските и финансиски извештаи“, се додава во реакцијата.

Претходно, Цветанка Ласкова посочи дека се откажува од средствата со цел да имала мир.

„Овој проект го прифатив со чест и задоволство, но и покрај одличната идеја, заради својот мир, инсистирам организаторот на проектот, да ги врати одобрените средства во Министерството за култура“, напиша таа.

Цветанка Ласкова освен музичар со бројни награди, пловеше и во политичките води. Таа имаше функција во сега владејачката СДСМ, но и во Владата на Зоран Заев. Ласкова му беше советник на тогашниот премиер, а веднаш откако тој ја презема власта.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“