Утрински Весник
Македонија

Oдземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско- косовската граница

Image 2026 07 17 152851558.png

Денеска (17.07.2026) околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен А.А. (43) од Скопје, кој го управувал возилото „пежо“, додека возачот со возилото „фолксваген“ се дал во бегство на косовска територија. Воспоставена е координација со припадници на косовската полиција- Task Force, кои презеле мерки за негово запирање, при што возилото излетало од патот.


Двете возила се одземени за понатамошна постапка, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења кон инспектори во Куклица