Утрински Весник
Македонија

Одземен и однесен на вонреден технички преглед автобус кој превезувал ученици од екскурзија

689020287 1274686664841858 1758127492499416591 n.jpg

По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје.

Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност.

Патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација.

По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка

Животното од Козле е вистински волк, потврдија домашни и странски експерти

Филков: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК за  одлуката за запирање на истрагата за мазутот