Утрински Весник
Економија

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Sovet Na Narodnata Banka .jpg
300x250 (7)

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, одржана на 28 март 2024 година, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,5%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година. Одлуката се заснова врз оцените за постепено стабилизирање на нагорните циклични системски ризици и постојана стабилност на банкарскиот систем. Исто така, ги зема предвид условите од окружувањето коешто и натаму е неизвесно и придружено со ризици, што е причина за претпазливо спроведување на макропрудентните мерки заради натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Со одржувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за спречување и за намалување на можните ризици.

Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Притоа, имајќи ја предвид природата на противцикличниот заштитен слој на капиталот и насоките на релевантните европски институции, Народната банка може да ја оцени потребата за зголемување на стапката, при раст на ризиците и неизвесностите од окружувањето, во услови на поволни остварувања на банките. Во случај, пак, на значително остварување на ризиците во билансите на банките,може да се оцени и потребата од делумно или целосно ослободување на овој заштитен слој на капиталот,како поддршка во работењето на банките при евентуални неповолни сценарија.

Ss1

Советот на Народната банка на седницата разгледа и други материјали поврзани со работата на централната банка.

Ss1

Можете да прочитате

Просечната нето плата исплатена во февруари изнесува 39.276 денари

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка