Утрински Весник
Македонија

Одложено судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

20260424122005 big 730x400 58.webp.webp

Судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.


Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на денешното рочиште побара од Судот да достави барања до МВР, БЈБ и УЈП за обезбедување докази, декласификација, како и право на увид на вешто лице што е најавено да прави вештачење.

Обвинителката Спасенка Андонова по предлозите на одбраната рече дека ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа.

-Имајќи предвид дека одбраната има доставено дел од листата на докази со прилози, дел од одбраната денеска доставува докази, а голем дел се со барања од институции од кои не им е одговорено и бара од Судот таквите барања да им бидат одговорени, Обвинителството по тие ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа – рече обвинителката.

Одбраната на Димче Аврамов, бараше од Обвинителството и Судот да се обезбеди доказ од предмет за кој веќе е запрена постапката, а како што посочи докажува дека обвинетиот три години барал увид во документацијата за Пулс и не давал согласност и дека ја потпишал по наредба на повисок старешина. 

-Само тој доказ го бараме да биде обезбеден, изјави одбраната.

ОЈО-ГОКК ги товари сите деветмина за “Злоупотреба на службената положба” за тоа што во период од една година пропуштиле да преземат службени дејствија и неопходни проверки од аспект на јавната безбедност и сообраќајните решенија, а кои биле неопходни од аспект на обезбедувањето на одобрение – лиценца за работа на дискотеката Пулс.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова поддржува укинување на пржинската влада, двојно државјанство вели не треба да има и за претседателот на државата и за министрите

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори

Скопје со стотици градилишта и само 7 инспектори за безбедност при работа