Утрински Весник
Магазин

Одговорот ќе ве изненади: Колку често и како да ги перете фармерките

1211000.jpg

Директорот за дизајн на Левис, Пол О’Нил, објасни колку често фармерките треба да се перат.

За странските медиуми тој објасни дека фармерките треба да се перат во студена вода за да не избледе бојата, но и циклусот на центрифугирање да не биде премногу силен. Исто така, уште еден совет – никогаш не ги сушете во машина за сушење!

– Колку почесто го перете тексасот, толку посветол ќе биде, рече тој.

Мери Лон Рајан која е ко-основач на брендот за облека „Bassike“ вели фармерките да се перат само кога е потребно и со мала количина благ детергент.

– Ги перам превртени наопаку за да ги заштитам надворешните влакна, на нежен циклус, доколку имаат дамка, објаснува Мери.

Од друга страна, стилистката Џејн Херман смета дека вие сте единствената личност која може да одлучи колку често треба да ги перете фармерките. Советите на оваа блогерка се слични на оние на другите експерти: студена вода, мала количина благ детергент и „сушење на сонце до крај“.

Можете да прочитате

Американска единица им нуди на војниците бесплатни денови за играње видео игри ако го продолжат договорот

Започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail на бескрајната белина на Соленото Езеро

Зошто постојано го проверуваме телефонот и како да ја контролиме навиката?