Утрински Весник
Спорт

Одермат го собори рекордот на Херман Мајер

Одермат го собори рекордот на Херман Мајер
Ss2

Швајцарскиот скијач Марко Одермат постави рекорд по бројот на освоени поени во една сезона во Светскиот куп. Одемарт победи на последниот велеслалом во сезоната, во Солде.

dobivaj vesti na viber

Освојувачот на големиот Кристален глобус славеше со резултат 2:19.64 минути и далеку зад себе ги остави Хенрик Кристоферсен и Марк Шварц. Норвежанецот беше побавен за 2,11 секунди, додека Австриецот за 2,29 секунди.

Ss1

По седмата победа сезонава во велеслалом, 25. годишниот Одермат освои 2.042 бода во генералниот пласман во Светскиот куп, со што го собори рекордот од 2.000 бодови кој 23 години беше во сопственост на легендарниот Австриец Херман Мајер.

Одермат, сепак, не успеа да го собори вкупниот рекорд на бодови кој го држи словенечката скијачка Тина Мазе, која освои 2.414 поени кога ја освои женската титула во 2013 година.

Исто така, ова беше 13. победа на Швајцарецот во Светскиот куп оваа сезона. Тој го израмни рекордот на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк (1979), Херман Мајер (2001) и Марсел Хиршер (2018).

Сезоната во Светскиот куп за скијачи завршува утре со слаломот во Солде.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Ирански ММА борец удри ринг-девојка, потоа доби ќотек и внатре и надвор од кафезот

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“