Утрински Весник
Скопје

Одбележан патрониот празник на општина Илинден 

Dsc 6370.jpg

Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ.

На централната манифестација која се одржа во комплексот на Домот на култура ,,Илинден”  пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој во своето поздравно обраќање им го честита празникот на сите жители од општина Илинден.

 Градоначалникот  воедно изрази голема благодарност до граѓаните на Општина Илинден за несебичната поддршка како и на сите останати чинители во нашата заедница:  здруженија на граѓани, бизнис секторот, благодарност и до  членовите на Советот на општина Илинден, вработените во општинската администрација, вработените во општинските претпријатија, просветните работници од нашите јавни установи кои даваат особен придонес во развојот на нашата убава Општина.

-Токму оваа поддршка ни дава голем поттк за да продолжиме да се развиваме во вистински правец и со уште посилно темпо да создаваме нови проекти кои ќе значат подобри услови и генерално ќе го подобрат животот во Илинден. Успехот на општествата денес зависи од способноста на локалните самоуправи да се приспособуваат на брзите промени во светот и од способноста да ја зајакнат сопствената конкурентност. Во изминатите три години успеавме да покажеме дека Општина Илинден со тоа одлично се носи, а за тоа говорат многуте реализирани проекти и активности во сите области од општественото живеење, како што се комуналната и патната инфраструктура, заштитата на животната средина, образованието и младите, здравството, економијата, спортот, културата и сите останати области, изјави градоначалникот Георгиевски.

На настанот присуствуваа голем број граѓани од општината и пошироко кои уживаа слушајќи ги познатите хитови на Андријана Јаневска и  Александар Тарабунов како и преубавиот настап на хорот на Здружението на пензионери „Илинден“.

Можете да прочитате

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Изгубено е 8 годишно дете – Виктор последен пат е виден на Плоштад

(Фото/Видео) Згради никнуваат во паркот во Ѓорче Петров