Утрински Весник
Скопје

ОДАС бара од Град Скопје да обезбеди достапен и навремен јавен превоз за учениците и студентите

Sp.png

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите – ОДАС од Град Скопје бара до почетокот на учебната година да обезбеди автобуси кои ќе сообраќаат навремено и ќе бидат достапни за учениците и студентите да може непречено да одат на настава.

Во допис до медиумите ОДАС укажува дека „нефункционалниот и несигурен јавен превоз може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет“.

-Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. Недостигот на сигурен јавен превоз стана пречка за достапното образование на многу ученици и студенти. Од Градот Скопје бараме да се посветат на решавање на овој проблем до септември, односно до почетокот на академската година, при што ќе се обезбедат безбедни и функционални автобуси и ќе се обезбеди навременост на линиите, пишува во реакцијата на ОДАС.

Можете да прочитате

Продолжува втората фаза од проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на Вардар во Скопје

СДСМ Аеродром: Митески по стапките на Муцунски – ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Настан „Патување низ времето со кралицата Марија – Игрифицирано искуство низ средниот век“