Утрински Весник
Магазин

Меланија Трамп почна со дизајнирање и продажба на накит

Melania Trump 1.webp.webp

Сопругата на Доналд Трамп и поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп, на социјалните мрежи претстави накит со нејзиниот потпис, кој го продава преку својата официјална веб-страница.

Додека Доналд Трамп наоѓа начини да не добие полош крај во судските случаи, но и уште еднаш да ги освои гласовите на Американците, неговата сопруга Меланија Трамп најде начин да остави свој белег.

Таа на својот Инстаграм профил претстави дизајнерска огрлица со нејзиниот потпис, чија цена е 230 евра и се продава преку нејзината официјална веб-страница.

Ѓерданот е пуштен во продажба по повод Денот на мајката, а тоа што се работи за накит со потписот на Меланија, не чуди а постои еднаков број на оние на кои им се допаѓа ланчето и оние кои тоа веднаш го поврзаа со сето она што се случува и што го прави Доналд Трамп.

Моментално е загрижен за судењето каде се најде на обвинителна клупа за поткуп на Сторми Даниелс, а Меланија реши, барем јавно, да го игнорира сето тоа.

Инаку, дизајнерскиот ѓердан на Меланија Трамп се вика „Her Love & Gratitude“ и е изработен од позлатено сребро. Ланчето е прилагодливо по должина, од 40 до 45 сантиметри, а има и цветен привезок со дијаметар од 2,5 сантиметри, каде на задната страна се наоѓа потписот на Меланија Трамп, додека предниот дел е изгравиран според желбата на купувачот.

„Да ги почитуваме и славиме сите мајки со љубов и благодарност“, е јасната порака на Меланија Трамп на нејзиниот Инстаграм профил.

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци кои привлекуваат внимание каде и да се појават

Ако ги пиете овие лекови, бидете внимателни во текот на горештините: Го зголемуваат ризикот од дехидратација

И ним им е потребно разладување: Сладоледи за животните во скопската Зоолошка