Утрински Весник
Македонија

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица

Dik.webp.webp

Од пријавените 248 болни или немоќни лица гласале 242 лица во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште, и Центар Жупа. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар. Од пријавените 94 лица во казнено поправните установи пак, гласале 45 лица соопшти ДИК.

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.

„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

Можете да прочитате

Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина организација РЕФОРМ 5, првиот настан ќе го одржи денеска

2 години Влада – од 1198, резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА, велат од СДСМ

Амандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба