Утрински Весник
Економија

Од полноќ пак поскапува дизелот, бензините поевтинуваат

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука.

Од вечерва на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 99,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,680 денари за килограм, со што неговата максимална цена ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека во пресметката е применета намалена акциза од два денари за литар кај бензините и од четири денари за литар кај дизелот. Утврдените цени се максимални, а трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Можете да прочитате

Расте инвестицискиот интерес: Автомобилската индустрија се шири, а пристигнуваат и високотехнолошки инвестиции

Нов голем раст на цената на горивата, дизелот пак близу 100 денари

Левица: Пензискиот фонд не е во криза затоа што луѓето се пензионираат на 64 години, туку затоа што Македонија ги губи луѓето што треба да го полнат