Утрински Весник
Македонија

Од полициска станица украден Калашников

Kalash 780x470 1.jpg

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ пишува порталот Порталикс повикувајќи се на свои извори.

Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни недостасува автоматско оружје, при што е направена и внатрешна контрола при МВР. Се уште нема информации каде е украдената автоматска пушка, а од страна на Единицата за Внатрешни работи Карпош е направен план за пронаоѓање на огненото оружје.

„При извршена контрола на 08.07.2024г. констатирано е дека во периодот од 19.06.2024г. до 08.07.2024г. во ЕВР Карпош недостасува автоматското оружје и за истото известена е внатрешна контрола при МВР, а од страна на ЕВР Карпош изготвен е План за преземање на сите неопходни оперативно-тактички мерки за нејзино пронаоѓање“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Компаниите од здравствениот сектор при ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики 

Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници, ние сме првата Влада која се посвети на инфраструктурата

Лидерство, пријателство, влијание. Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење