Утрински Весник
Македонија

80-годишник лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан

Policija 1.jpg

Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 – годишник од Кавадарци. За ова попладнево информираа од СВР Велес.

Вчера во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Можете да прочитате

Мицкоски: Државата блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Кога законот го уредува здружувањето – дали пензионерските организации се навистина независни?