Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат монографијата „Етногенезата на македонскиот народ“ од д-р Лидија Славеска.
На страниците од своето научно дело авторката во седум поглавја ги согледува и анализира континуитетот и традицијата на нашиот народ низ вековите, посебно ги проследува балканскиот средишен емисионен центар, како и создавањето на Македонската држава и народ.
Лидија Славеска (Кичево, 1933-2008, Скопје) беше специјалист за средновековното јужнословенско право и средновековната историја на Македонија и долгогодишен директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Автор е на значајни научни студии, како и на монографијата „Опис на словенските ракописи во Македонија“ и на едицијата во шест книги „Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија“.