Утрински Весник
Македонија

Од куќен, газдата на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор

Ojo bitola.jpg

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство и ја преиначи првичната одлука, определувајќи притвор за сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски. Со оваа одлука, Судот ги уважи аргументите на обвинителството, кое укажа на ризик од бегство на осомничениот, имајќи предвид дека тој поседува значителен имот во странство.

Обвинителството претходно поднесе жалба на решението со кое на Марковски и на еден од раководителите во РЕК „Битола“ им беше изречена мерка куќен притвор, барајќи за двајцата затворски притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.


Во истрагата, што опфаќа осум физички и едно правно лице, петмина раководители и директори во РЕК „Битола“ се сомничат за продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, бидејќи, спротивно на рударскиот проект и потребите на рудникот „Живојно“, реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Бујар Османи во посета на Брисел

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда