Утрински Весник
Македонија

Од денеска времен сообраќаен режим на патот Понов мост – Богданци

Rabota Na Pat.webp.webp

Од денеска на делницата од Понов мост до влезот во Богданци ќе има времен режим на сообраќај, информира АМСМ. Времениот сообраќаен режим е поради проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во Македонија, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале