Утрински Весник
Економија

Од четврток попладне во прекин ќе бидат системите за е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ

U P.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управата за јавни приходи соопшти дека од четврток попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.

Прекините, како што информира УЈП, се поради надградба на овие системи.

– Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период,  можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира, се вели во информацијата од УЈП.

Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин. 

Можете да прочитате

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Нелогични трансaкции од 2 милиони, неисплатени добивки од над еден милион евра – Ревизија откри хаос во Државна лотарија

Дијаспората во Македонија лани испратила 310 милиони евра