Утрински Весник
Македонија

Од Армијата со демант: Не го предизвикавме пожарот во Пепелиште

J7awr .jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Би сакале да ги демантираме изнесените информации, односно непроверените информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на с. Пепелиште“, се огласија од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

„Припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот. Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на АП „Криволак“ и истите завршија во 10:00 часот. Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата“, се потенцира во демантот.

Во соопштението се додава дека питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагале во гаснење на пожарот и истите продолжиле и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk