Утрински Весник
Македонија

Од 16 септември пациентите од аптеките ќе ги земаат бесплатно деветте нови лекови на позитивната листа

Lekovi.jpg

Деветте нови лекови на позитивната листа пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земаат од 16 септември, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

-Токму така, позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник.Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, вели Таравари.

Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека.

– Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари.

Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата.

Прашан дали некоја фирма се има јавено на тендерот за компресорките станица во Клинички центар –Скопје, а кој истекува утре, Таравари вели дека сигурно утре ќе добие информации за оваа постапка.

– Утре е 12 септември и ќе добиеме сигурна информација и ќе побараме и како Министерство сме обврзани да излеземе пред јавноста и да кажеме колку фирми конкурирале, дали повторно ниедна фирма не конкурирала. Јас не би сакал да не конкурирала ниедна фирма. Би сакал да има барем еден минимум, а камо среќа и два-три за да започнеме со уредување, средување на компресорската станица, вели Таравари.

Посочи дека оваа тендерската постапка е важна за да продолжат инвестициите особено во хируршките сали и во Скопје и во другите Клинички болници.

– Така што многу ни е битно ова да го средиме па да започнеме со реновирање на хируршки сали и во „8 Септември“, и во Клинички центар, и во Тетово, премиерот кажа и болници се надевам Струмичката болница набргу да ја промовираме, а во меѓувреме да започнеме што побргу и во болниците во Штип и во Тетово, изјави Таравари.

Министерот за здравство, Таравари е дециден дека економски директори на Клиниките нема, но како што вели доколку некој директор смета дека некој од поранешните економски директори бил експерт и смета дека треба да го земе како советник тоа е негова работа.

-Меѓутоа, ние законски го регулиравме, сега клиниките имаат по еден директор, а наскоро сите клиники ќе имаат само еден директор, така што ние одиме по рационализирање, а тие коишто сметаат дека некои одредени луѓе се експерти и им требаат може да ги примаат и по министерства и по различни здравствени установи и по други компании, за што јас не можам да се мешам во тоа. Воопшто не е моја работа, рече Таравари.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации