Утрински Весник
Свет

Од 1 јануари 2025 година ЕУ воведува забрана за пломби со амалгам

Thumb.jpg

Советот на Европската унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година. Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Juro Vikli News и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива.

Стоматологот Лорена Тринидад од Мадрид вели дека живата е главната состојка во пломбите што предизвикува загриженост, бидејќи иако е во мали количини, со текот на времето се акумулира во телото, особено во ткивата како што се мозокот и бубрезите.

Од 2018 година забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени. Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.

Можете да прочитате

Во Бејрут прекин на наставата во училиштата и универзитетите до крајот на декември

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник