Утрински Весник
Македонија

Обвинителството се огласи: Детали за обидот за убиство во Македонија – со кујнски нож решавал несогласувања од казино

1708765128 Ojo.jpg

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 8 август, во дворното место на сопствената куќа, осомничениот се обидел да лиши од живот друго лице.

Осомничениот, менаџер во казино, пред да му заврши смената му дал на оштетениот на негово барање тикет во вредност од 6.000 денари како заем за да игра на покер апаратите. Кога се вратил дома, добил повик од вработена дека истото лице бара уште еден тикет, но тој не дозволил да му биде издаден. На тоа оштетениот започнал да му пишува заканувачки пораки на Вибер, инсистирајќи тикетот да му биде издаден.

Откако осомничениот не му го одобрил, оштетениот дошол во неговата куќа и влегол во дворот каде што седеле осомничениот и неговата девојка и започнал да вика и да се расправа, па тргнал накај него и физички да го нападне.

Во тој момент осомничениот зел кујнски нож од масата и му нанел убодна рана во предел на абдоменот, по што оштетениот му го одзел ножот, избегал на улицата и со возило на лица кои ги сретнал на улицата веднаш бил пренесен во болница.

Бидејќи од описот на начинот на кој било извршено делото, наведен во кривичната пријава, произлегува можност во конкретниот случај да има елементи и на Убиство на миг, нужна одбрана, пречекорување на нужната одбрана и слично, што ќе се утврдува по прибавување на сите неопходни докази, јавниот обвинител до Основниот суд во Куманово не достави предлог за определување мерка притвор туку мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, повремено јавување кај службено лице во Судот, како и забрана за воспоставување и одржување контакт со оштетениот и со девојката која била сведок на настанот додека таа не даде исказ.

Можете да прочитате

ДКСК повикува на транспарентност и анализа при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Петрушевски: Не е доволно Груби да си замине од политика туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал

Финансиска полиција поднесе кривични пријави против три лица и две фирми за даночно затајување