Утрински Весник
Македонија

АА: Последните дејствија и изјави го оштетуваат образовниот процес

Ali Ansa Za Albancite.jpg

Соопштение на АА:

Регресијата и деградацијата сега веќе почнува и во образование. Изјавата на министерката за образование дека нема да има книги и материјали за јазици и дека децата ќе треба да учат од серии е скандалозна и јасно го покажува пристапот на оваа влада кон најважната сфера.
Во меѓувреме, албанските партии кои без легитимитет влегоа во Владата денеска молчат и ги заборавија сите зборови што претходно ги кажаа за образованието воопшто и особено за учебниците. Потсетуваме дека прохрамата на ВРЕДИ вклучува и ветување за усогласување на наставните програми со Косово и Албанија.

Ова само потврдува дека чувствителните теми се злоупотребени за предизборна пропаганда и дека грижа им била само власта, а не квалитетното образование на помладите генерации.
Последните дејствија и изјави, освен што го оштетуваат образовниот процес, претставуваат и потсмев на учениците воопшто, а особено на оние од немнозинските заедници.
Каков друг удар да очекуваме од моноетничката и нелегитимна Влада за да ги убеди сервилите да се откажат од оваа штетна, понижувачка и дегенерирачка мисија?

Можете да прочитате

По повод 8 септември ќе биде отворен граничниот премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот

ГОЛЕМ ПОЖАР НАД СКОПЈЕ: Гори кај Грачани, густ чад се гледа низ целата котлина