Утрински Весник
Македонија

Обвинителство работи на неколку предмети за злоупотреби во ЕСМ и РЕК Битола

Ojo 1.webp.webp

Јавното обвинителство работи на неколку предмети поврзани со работењето на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“ и набавки на енергенти, соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

„Во моментов Основното јавно обвинителство Битола работи на шест постапки за тендери, како и на други случаи за набавка на јаглен, мазут и други енергенти. Се прибираат докази, а активно се вклучени и Министерството за внатрешни работи (МВР) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Во скоро време очекуваме резултати“, изјави Коцевски.


Тој потврди дека ОЈО Битола интензивно ги води овие предмети и дека од 1 февруари таму ќе се формира истражен центар, кој ќе помогне во поефикасното разгледување на овие случаи.

Според Коцевски, причината зошто ОЈО Битола ги води предметите е територијалната надлежност, бидејќи РЕК „Битола“, најголемиот енергетски капацитет, се наоѓа во нивната област.

Овие истраги следат по отворањето на случајот „Адитив“, во кој 23 лица се осомничени за набавка на адитиви за потребите на РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Според сомневањата, адитивите биле купени по неколкукратно повисоки цени од пазарните, а дел од нив не се употребувале или предизвикале штета на машините.

Претходното раководство на ЕСМ е под истрага и поради обвинувањата за „лукративен проект“ кој го зголемил производствените трошоци на електрична енергија. Документацијата за овие случаи веќе е предадена на надлежните институции, потврди директорот за производство во ЕСМ, Зоран Коњановски, во интервју за „360 степени“.

Овие истраги го привлекоа вниманието на јавноста и се очекува истражните органи да обезбедат детални информации и резултати за наводните злоупотреби.

Можете да прочитате

Последен ден од новогодишната кошница – Ќе се покачат ли цените на основните производи?

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Очекуваме силен мраз, кој може да создава проблеми!