Утрински Весник
Македонија

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ
300x250 (7)

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале гризење на совеста и чувство на вина. Ова го констатира Александар Марцикиќ, психијатар, кој изработил вешт наод за нив. Тој ги опиша сите обвинети како психички здрави личности, со уредна интелигенција. Сите биле загрижени поради настанот, смртниот исход, реперкусиите, кривичната постапка и притворот. Но, и покрај ова вештачење на докторот, тие на првото рочиште рекоа дека не гледаат вина кај себе за смртта на Тот.

dobivaj vesti na viber

„При прегледот ниту еден од обвинетите не манифестира какви било знаци на пасивна или активна агресивност, како што опишав – кај нив беше актуелна психичката реакција на исходот од настанот и реперкусиите од нив, сите имаа слични манифестации, како гризење на совеста, чувство на вина, видлива вознемиреност поради исходот од случувањето и кривичната постапка против нив, страв или анксиозност од самата постапка и последиците врз нив, пред сè, социјалните последици“, изјави докторот говорејќи за вештиот наод изработен 28.4.2022.

Ss1

Обвинетата Лефковска е единствената од тројцата што претходно имала психички проблеми и се лекувала. Психијатарот посочи дека пиењето алкохол придонело обвинетата да биде похрабра во своите чекори. Тој опиша дека при пиење алкохол обвинетата е склона кон конфликти и е поарогантна.

Адвокатот Бојан Василевски, бранител на обвинетата, праша: „Кажувате во вештиот наод дека Клементина пиела 2-3 жестоки пијалаци. Дали ако таа била трезна, ќе ги презела истите дејства?“

„За пиењето алкохол, исказите на обвинетата не се поткрепени со други материјални докази, пред сè, мислам на лабораториско иследување на присуство и концентрација на алкохол во крвта. Моето толкување според нејзините искази се описни. Си дозволив да го коментирам овој податок во склоп на обид што пообјективно да ја опишам нејзината психичка реакција при самиот настан. Не можам да претпоставам како би реагирала доколку наводно немала алкохол во себе.

За обвинетиот Андреј Костовски, психијатарот Марцикиќ рече: „Не констатирав патолошка потреба за искривување на вистината. При самиот преглед обвинетиот Костовски немаше знаци на агресивно однесување“.

Прашања за вештото лице имаше првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Го интересира како алкохолот можел да влијае врз неговите постапки, на што вештакот додаде: „Можел да влијае, не можам да кажам како зошто не знаеме колку имал испиено“. Наспроти толкувањето за Лефковска, каде што таа кажала дека испила 2-3 чаши алкохол, а се дава објаснување како влијаел на нејзе, психијатарот Марцикиќ тоа го нема направено за Ѓорѓиевски.

На 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје обвинетите заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот, тврди скопското Обвинителство. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди, од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула