Утрински Весник
Спорт

МЗТ: АБА лигата без најава и причина го смени терминот за мечот со Партизан

МЗТ: АБА лигата без најава и причина го смени терминот за мечот со Партизан
300x250 (7)

Раководството на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје оцени дека АБА лигата им „нанела неправда“ со презакажувањето на натпреварот од второто коло со Партизан. Лигата го помести терминот за одигрување на натпреварот во Скопје кој на програмата е следниот понеделник. Наместо во терминот од 21 часот, дуелот ќе се игра од 16 часот.

dobivaj vesti na viber

Од скопскиот клуб наведуваат дека „изненадувачки и без никаква најава и причина“ терминот на натпреварот е сменет во 16 часот, што, според нив е невиден преседан за АБА лигата.

Ss1

„ И самите бевме шокирани од информацијата што ја добивме од канцеларијата на АБА за промена на терминот, без конкретно и валидно објаснување, со префрлање на топката на телевизијата Арена спорт, која, пак, не излезе со официјален став за ситуацијата. Но, пропозициите на регионалното натпреварување се јасни, а тоа е дека лигата и Арена спорт го имаат ексклузивното право за одредување термини, додека домаќинот не се прашува ништо.

Го разбираме револтот на нашите навивачи и симпатизери што играме во ептен ран термин во работен ден и го делиме нивното разочарување, но сакаме да знаат дека нашиот клуб и покрај сите напори, притисоци, користење врски и конекции стори сѐ за да се врати првобитно одреденото време, но не успеавме во тоа. Искрено се извинуваме, но постојат работи кои едноставно не сме доволно моќни да ги смениме, за разлика од некои други учесници во натпреварувањето.

Затоа сакаме да апелираме до сите на кои во вените им тече плаво-бела крв, но и до тие што имаат симпатии кон МЗТ Скопје и го сакаат кошаркарскиот спорт, неправдата што ни е нанесена да ја сфатат како дополнителен мотив да сторат сѐ и да се најдат на трибините во салата „Јане Сандански“. Ова е идеална шанса да покажеме единство и во несекојдневна ситуација и да докажеме дека Аеродром е населба која и покрај сите проблеми и неправди, секогаш и во сѐ стои зад своите миленици во плаво-бела опрема“, соопшти клубот.

Фото/ABA liga

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал