Утрински Весник
Македонија

Обвинение за двете лица кои сакаа да изградат див паркинг во дворот на поликлиниката „Бит Пазар“

Поведена постапка против дилер на кокаин од Арачиново
300x250 (7)

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против двете лица кои сакаа да изградат див паркинг во дворот на поликлиниката Бит пазар.

dobivaj vesti na viber

Се работи за лица на возраст од 45 и 42 години, кои заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го упортребат за изградба на паркинг.

300x250 (7)

„Првообвинетиот ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа – Здравствен дом на Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата“ соопшти обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет, додека за второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​

Ss1

Можете да прочитате

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете