Утрински Весник
Македонија

ОБНОВЕНО:Двајца лекари и еден техничар кои оделе на работното место се жртвите во страшната сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Screenshot 3 2.jpg

Утрово страшна сообраќајка ја потресе Македонија. Според најновите информации од МВР жртви во несреќата се двајца лекари и еден техничар кои утрово оделе кон своето работно место.

По судирот помеѓу автомобилот и камионот избил силен пожар од кој биле опожарени и двете возила, а во негово гасење интервенирале три противпожарни возила. Тројцата загинати оделе кон своето работно место во приватна здравствена установа во Битола.

Случајот во итната медицинска помош бил пријавен 10 тина минути пред 8 часот, а екипите на терен констатирале смрт кај тројцата патници во возилото марка „тојота“. Од СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од 42 годишниот Н.В. и сопатници А.Р и Ф.Ј.сите од Прилеп.

Камионот „волво“ кој учествувал во несреќата бил со скопски регистарски ознаки управуван од 51 годишниот Г.Р од Битола. На место на несреќата увид извршиле екипите од МВР и основното јавно обвинителство.

Од 8:00 часот утрово сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна