Утрински Весник
Македонија

Облачно, попладне со дожд кој на повеќе маста ќе биде пороен

Умерено облачно време со ниски утрински температури

Денеска времето ќе биде облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2).

dobivaj vesti na viber

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни и повремено поројни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 12 степени.

Врнежи се уште ќе има и во вторник претпладне, кога во западните делови во повисоките подрачја ќе бидат од снег. И во вторник ќе дува засилен северен ветер што ќе услови дополнително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, во среда се уште со услови претежно на планините да провејува слаб снег.

Можете да прочитате

Изгореа три автомобили попладнево под Кале

Армијата се поднови со шлемови и чизми

Делчево под будно око на технологијата: Дронови ќе ги чуваат шумите од пожари