Утрински Весник
Македонија

Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47 литри дожд

Meteoalarm.mk 17.png

Денешниот ден (недела 26 октомври) во нашата Република Македонија помина во знакот на променливо и врнежливо време на повеќе места во нашата Македонија. Најмногу дожд до 16 часот попладнево наврна на Попова Шапка и тоа 47 литри дожд на метар квадратен.

Од градовите пак најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 28 литри на метар квадратен до 16 часот попладнево. Токму ова количество на врнежи е измерено на мерните станици на УХМР.


Ноќва и утре (понеделник 27 октомври) во претпладневните часови продолжуваат обилните врнежи и тие најобилни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме со силен ветер (до околу 90 км/час) и со појава на грмежи.

Можете да прочитате

Уапсен скопјанец, од касата каде што работел си зел 50.000 евра

Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК, тврдат од Левица

Комшиите бодрат, нашиот премиер молчи: Олимпискиот срам на Мицкоски