Утрински Весник
Скопје

Обичен знак на домашно воспитување – Мојсова се огради од Лукровски

Mojsova 1 1 585x385 1.jpg
Dik 300x250 mk

По серијата настапи и објави на кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, во кои се обидува да се прикаже како „граѓански кандидат“ со поддршка и од културни личности, познатата докторка и јавна фигура Маја Мојсова реагираше со објава во која суптилно, но јасно се огради од неговата кампања.

Во нејзината порака, објавена на социјалните мрежи, Мојсова напиша:


„Од што сме отруени со негативна енергија и препукување сите забораваат на основните цивилизациски и демократски принципи. Мала е земјата и сите се познаваме и среќаваме насекаде… Не е лошо да се потсетиме на домашно воспитување.“

Пораката, иако формално не спомнува име, доаѓа само ден по фотографиите и објавите на Лукровски, кој преку медиумите и социјалните мрежи се обидуваше да создаде впечаток дека има блискост и поддршка од личности од културниот и медицинскиот свет.

Според извори блиски до јавните личности кои Лукровски ги користи во своите објави, повеќето од нив воопшто не биле известени дека нивното присуство или фотографија ќе биде употребена во партиска кампања.

Со својата објава, Маја Мојсова недвосмислено испрати порака дека културата, пристојноста и почитта не треба да се злоупотребуваат за политички поени и дека „домашното воспитување“ не подразбира фотографирање со политичари за дневни цели.

„Лукровски се обидува да се додвори до гласачкото тело на СДСМ преку јавни личности што немаат никаква врска со неговата кампања,“ коментираат граѓани на социјалните мрежи.

Овој потег, велат тие, уште еднаш покажува дека во недостаток на програма и идеи, Лукровски се потпира на имиња на угледни граѓани за да добие политички кредибилитет кој не го заслужил.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот

Герасимовски: Со преземање на ингеренции на Комунална хигиена и формирање општинско претпријатие го решаваме проблемот со сметот

Утре и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје